Top Sport

Тухел веќе отпишал четворица, меѓу нив е и најдобриот другар на Нејмар

Новиот тренер на ПСЖ, Тимас Тухел, според пишувањата на француските медиуми, веќе ја направил првата листа на играчи што според негвото мислење немаат квалитет да го носат дресот на францускиот првак.

„Ле Парисиен“, пренесе дека Тухел, чистката ќе започне од дефанзивната линија, а четворицата на чии услуги повеќе нема да смета се Томас Муние, Дани Алвеш, Јури Берчиче и Лајвин Курзава.

Ова значи дека ПСЖ во летниот преоден рок ќе биде во потрага по лев и десен бек.

Прашање е како на листата ќе реагира првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар, бидејќи Тухел во екипата не го сака неговиот најдобар пријател Дани Алвеш.

Scroll to Top