Top Sport

Леброн го однесе Кливленд во финалето (Видео)

Кошаркарите на Кливленд Квалирс ја освоија Источната конференција во НБА лигата и изборија пласман во големото финале. Во решавачкиот седми меч од серијата со Бостон Селтикс, Кавалирс победија на теренот на противникот 87:79.

Стартот на мечот ја најави големата борба меѓу двата тима. Бостон успеа да стигне до двоцифрена предност, на почетокот од вториот период, но до полувреметот Кливленд се доближи на четири поени (43:39).

Кливленд започна да ја презема инцијативата од почетокот на второто полувреме. Покрај Леброн Џејмс, се истакна и Џеф Грин погодувајќи ги првите четири шута во вториот дел.

Бостон не успеваше да го пронајде вистинскиот ритам во нападот, а победникот беше познат на влезот во последната минута кога Џејмс погоди за +10 на својот тим.

foto: epa

Кливленд ќе го игра своето четврто финале во последните четири години, додека Леброн Џејмс се пласира во своето осмо финале.

Неверојатниот Џејмс е најзаслужен за пласманот на својот тим во финалето. „Кралот Џејмс“ ги одигра сите 48 минути, а мечот го заврши со 35 поени, 15 скока и девет асистенции. Голема помош доби од Грин (19 поени, осум скока), односно Томпсон (10 поени, девет скока).

Во домашниот тим најефикасен беше Џејсон Тејтум со 24 поени.

Кливеленд за титулата ќе се бори против победникот од серијата помеѓу Хјустон и Голден Стејт. Седмиот меч овоие два тима ќе го одиграат во вторник од 3 часот.

Scroll to Top