Германскиот стратег на клупата на Челси, Томас Тухел испиша историја со „сините“ од Лондон по синоќешната нова победа над Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.
Германецот во првите 13 меча како тренер на „сините“ остана непоразен, што претставува нов клупски рекорд.
Претходниот рекорд го држеше бразилскиот стручњак Луис Фелипе Сколари кој во 2008 година, по доаѓањето на „Стемфорд бриџ“ врза 12 меча без пораз на стартот.
Тухел и Челси со 3-0 во двата меча го елиминираа лидерот во Ла Лига, мадридски Атлетико и обезбедија четвртфинале, а во Премиерлигата клубот пак е во најдобрата четворка на табелата.
На овие 13 меча екипата прими само 2 гола на два меча.
Во историјата на Челси имало големи тренерски имиња на клупата, меѓу нив сигурно се Жозе Мурињо и Карло Анчелоти, но тие немале старт како Тухел кој на оваа позиција го замени Френк Лампард.