Манчестер јунајтед заинтересиран да го доведе играчот на Челси, Нголо Канте, пишува „Гардијан“. Договорот на францускиот играч за врска со Челзи истекува следната сезона, а британските медиуми наведуваат дека Јунајтед е „во очајнички обид да го засили средниот ред кој беше под нивото од оваа сезона“.
Според овој извор во овој момент речиси е невозможно да се помисли дека лодонскиот клуб ќе го продаде Канте.
Тренерот Томас Тухел го пофали 31-годишниот играч од средниот ред, велејќи дека тој е нивниот „Мохамед Салах, Килијан Мбапе, Кевин де Брујне и Вирџил ван Дијк“ и дополнил дека тој е „клучен, клучен, клучен играч“.
Но оваа сезона, Канте, имаше проблеми со повредите, што ги спомена и Тухел. Поради повредите Канте пропушти многу натпревари и не успеа да влезе во вистинскиот ритам во текот на целата сезона.
„Челзи често мораше да игра без Канте. Ситуацијата со неговиот договор значи дека тие би можеле да донесат одлука доколку Јунајтед ја даде вистинската понуда. Јунајтед почнува од нула со тренерот Ерик тен Хагг. Канте би го засилил редот за врска, а тие го сакаат и Френки де Јонг од Барселона и Деклан Рајс од Вест Хем. Овие двајца се многу поскапи од Канте“, пишува „Гардијан“.