Томас Тухел вели дека одлуката на Челси да го отпушти Греем Потер не било големо изненадување за него бидејќи клубот се „сменил“ многу во последните 12 месеци.
Германецот беше на чело на „Стемфорд Бриџ“ кога беше комплетирана (принудната) продажба на клубор од Роман Абрамович на американскиот конзорциум предводен од Тод Бели. Иако под Тухел тие ја освоија Лигата на шампионите, германскиот тренер доби отказ во септември, и на негово место беше донесен Потер од Брајтон, кој сега заминува само по 31 меч. Тухел најде нова работа како тренер на Баерн Минхен, но одговори на прашањето за неговиот поранешен клуб.
„Ги видов вестите вчера навечер. Тајмингот се поклопи со моето поставување во Баерн. Уживав во работата таму и направив нови пријателства, кои ќе траат цел живот. Но, клубот се смени многу во последно време, така што таа вест не предизвика емоции кај мене“, вели Тухел.
Интересно, но „сините“ сега се на пазар за нов тренер, поставувајќи го Бруно Салтор како привремен тренер, а еден од фаворитите за постојана работа е човекот кого Тухел го замени во Баерн, Јулијан Нагелсман.