Top Sport

Тухел загуби нерви по прашањата за војната: Немам одговори за вас

Менаџерот на Челси, Томас Тухел реагираше емотивно по постојаните прашања за руската инвазија на Украина и врската со рускиот газда на клубот, Роман Абрамович, и неговата позиција во клубот.

„Видете, морате да сопрете. Јас не сум политичар. Искрено. Можам да повторам дека се чувствувам лошо и да го повторам тоа бидејќи не сум искусил војна. Се чувствувам лошо кога зборувам бидејќи сум привилегиран. Седам тука во мир. Го правам тоа што го можам, но мора да престанете да ме прашувате вакви прашања. Немам одговори за вас“, изјави Тухел.

48-годишниот Германец беше очигледно исфрустриран, по што портпаролот на Челси побара другите прашања да се фокусираат на натпреварот од ФА купот против Лутон.

Ова дојде откако тој прво зборуваше долго за конфликтот и за страдањата низ светот.

„Страшно е, страшно е! Не може да има друго мислење за тоа. Знаеме дека има поважни работи од фудбалот. Сите во Европа имаат бучава во главата која никој не ја сака. Но, се обидуваш да дојдеш на работа и да ја вршиш својата работа“, изјави прво мирно Тухел.

Scroll to Top