Top Sport

Тука ништо не е готово – Србија-Швајцарија 2:2 по првото полувреме!

Мечот Србија-Швајцарија, кој ќе ни даде одговор за последниот осминафиналист на Светското првенство во Катар, ги исполнува очекувањата и е полна со пресврти, откако Швајцарија во финишот на првото полувреме постигна гол за израмнување на 2:2.

По голот на Џердан Шаќири во 20. минута од мечот за шок на Србите, тие се вратија и со головите на Александар Митровиќ (26.) и Душан Влаховиќ (35.) направија пресврт, но дека нема да биде ништо јасно до финишот, покажа Бри Емболо со својот втор гол на Мундијалот во 44. минута користејќи ја слабата реакција на одбраната на Србија.

На вториот меч од групата, лидерите Бразил уште се на 0:0 со Камерун.

Влаховиќ за целосен пресврт по грешката на Шаќири

Scroll to Top