Top Sport

Тулуз може да остане без Европа дури и да го освои Купот

Францускиот прволигаш Тулуз игра одлична сезона. Минатото лето ја славеа титулата во Лига 2, а оваа сезона се на 12. место на табелата во Лига 1 и се далеку од зоната за испаѓање. Во Купот стигнаа до финалето, што значи дека можат да излезат и на евро-сцената доколку го освојат ова натпреварување.

Интересное што и да го освои Купот, Тулуз би можеле да добијат забрана од УЕФА. Европската Куќа на фудбалот има ригорозни правила, во случајот на Тулуз велат дека два тима со ист сопственик не можат да играат во исто натпреварување.

„Ред Брд Капитал“ е газда на Тулуз. Ова групација од минатата година го презе Милан.

Доколку Тулуз го освои Купот ќе игра во Лига Европа, а истото важи и за Милан доколку не успеа да се пласира во Лигата на шампионите. Француските пишуваат дека во едно вакво сценарио УЕФА би го исфрлила Тулуз од Лига Европа.

Scroll to Top