Top Sport

Тулуз пред останување во Лига 1, катастрофа за Ајачио (видео)

Надежите на славниот корзикански клуб Ајачио дека ќе се врати во француската Лига 1 добија силен удар, откако на првиот меч од баражот за опстанок, тие загубија со 0:3 на „домашен“ терен.

Ајачио доби забрана да го игра првиот меч на својот стадион, откако во текот на викендот, навивачите и играчите на Ле Авр беа нападнати на Корзика со извици: „Валкани Французи“. Француската федерација одлучи првиот меч да се игра на „неутрален“ терен на стадионот „Мосон“ во Монпелје.

Без поддршката на фанатичните навивачи, Ајачио загуби со 0:3, и пред ревашнот, речиси е сигурно дека Тулуз останува во елитата. Градел, Жулиен и Сангојо го решија мечот од 45. до 65. минута за убедлива предност на Тулуз.


Scroll to Top