Top Sport

Тумбаковиќ ќе биде новиот селектор на Србија

Челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) му го стокмиле отказот на селекторот Младен Крстајиќ. Негов наследник треба да биде Љубиша Тумбаковиќ, кој до минатата недела беше селектор на Црна Гора, тврди „Спортклуб“ повикувајќи се на свои извори.

Крстајиќ често критикуван од српската јавност, во петокот го нарече бесот на целата нација откако Србија во Украина го доживеа најтешкиот пораз во својата историја (5:0). Горчливиот вкус на тој пораз не успеа да го поправи ниту победата над Литванија (4:1), во понеделникот.

Тумбаковиќ наводно веќе преговарал со челниците на ФСС. Тој доби отказ откако минатиот четврток одби да ја води Црна Гора против Косово. Овој 60 годишен тренер од 2016 година беше селектор на Црна Гора.

Во кариерата Тумбаковиќ ги тренирал уште и Раднички, Обилиќ, Хаитан. Партизан, АЕК Атина, Ал Наср, Шандог, Стил Азин, Вухан.

Scroll to Top