Top Sport

Тумбаковиќ не верува во изненадување: Не гледам слабост во репрезентацијата на Англија

Селекторот на Црна Гора, Љубиша Тумбаковиќ не беше голем оптимист пред квалификацискиот меч со Англија во Подгорица, велејќи дека по направената анализа на играта, не можел да најде слабост во нивната игра.

Англија ги почна квалификациите за Евро 2020 со 5:0 победа над Чешка во петокот, додека Црна Гора одигра 1:1 на гости кај Бугарија во меч во кој на домаќините им беше подарен пенал. Пред понеделничкиот меч во Подгорица, Тумбаковиќ вели дека ќе биде тешко да се оствари позитивен резултат.

„Се обидувам да најдам слаба точка во нивната игра, но не успевам. Ние сме тренерски тим кој размислува реално“, вели Тумбаковиќ.

Ова е во целосна спротивност од коментарите на чешкиот селектор Матеј Видра, кој пред мечот со Англија изјавуваше дека одбраната на Англија, посебно Хери Мегваер, не е најсигурна. Црна Гора има четири меча против Англија во историјата, со три ремија и еден пораз во четири меча.

„Тоа што се случило во минатото се само убави резултати на Црна Гора. Утре играме со други фудбалери, други тренери и други квалитети“, додава Тумбаковиќ.

Scroll to Top