Top Sport

ЛШ: Веспрем со драматична гостинска победа во Португалија

Веспрем со 30:28 (14:15) го победи Спортинг Лисабон на гости во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, за да обезбеди мирен реванш во кој ќе треба само да го обезбеди местото меѓу најдобрите осум.

Спортинг, првиот португалски тим во осминафиналето на ЛШ, одигра добро прво полувреме по кое имаше гол предност, а во второто имаа и три предност (20:17), пред унгарскиот тим предводен од Арпад Штербик на голот да успее да направи предност од два гола. Веспрем ќе се обиде да го избегне минатогодишното фијаско, кога во осминафиналето загубија од Скјерн.

Србинот Петар Ненадиќ беше најефикасен за тимот на поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис со осум гола, додека пет додаде Ласло Наѓ. За Спортинг, најдобар беше Романецот Валентин Ѓонеа со седум гола.

Scroll to Top