Top Sport

Тунис без селекторот и 10 играчи за пресметката со Нигерија

Тунис ќе биде без селекторот Мондер Кебаер и 10 фудбалери за осминафиналниот дуел од Африканскиот куп на нации против Нигерија во недела навечер поради позитивни тестови на КОВИД-19.

Отсустен ќе биде и капитенот Вахби Хазри, кој е најдобар стрелец на Тунис на Африканскиот куп со два гола, иако во тимот се враќаат Дилан Брон и Исам Џабали. Заменикот на Кебаер, Билал Кадри вели дека ќе одат на победа.

„Целта беше да се стигне до нокаут фазата и го направивме тоа. Сега сме сигурни дека можеме да ги победиме Нигеријците, и покрај нивниот квалитет. Мораме да се справиме професионално со ситуацијата“, изјави Кадри.

Scroll to Top