Top Sport

Турам би ги затворил сите стадиони во Серија А

Легендарниот француски фудбалер, Лилијам Турам, рекол дека е разочаран од она што се случува на стадионите во Италија. Поранешниот фудбалер на Парма и Јувентус не може да поверува дека работите останеле исти какви што биле додека тој бил активен фудбалер.

Италијаните имаат голем проблем со расистичкото однесување на навивачите, а последениот инцидент го предизвикаа навивачите на Интер, кога во дербито против Наполи, го навредуваа Калиду Кулибали.

„Вакви работи се случуваа и кога јас играв, сум го доживеал тоа. разочаран сум, и по 12 години ништо не се сменило. На разбирам како тоа не им е приоритет. Па Серија А треба да ги прекинува натпреварите кога ќе има расистички навреди. Кога ќе се случи нешто такво не смее да се игра натпреварот. Јас би ги затворил стадионите во Италија овој викенд, не би го затворил само стадионот на Интер“, реко, Турам.

Scroll to Top