Top Sport

Туран пак со тепачка во ноќен клуб – скршил нос на пејачот Беркај

Арда Туран преку Инстаграм сакаше да ги демантира случувањата околу тепачката во ноќен клуб во Истанбул по кој фудбалерот на Истанбул Башакшехир му го скршил носот на пејачот Беркај.

Турските медиуми јавија дека ексфудбалерот на Барселона бил вклучен во тепачка со турскиот пејач откако Туран и се „пуштал“ на сопругата на Беркај. „Да не беше мажена, немаше да пропуштам ваква девојка“, и кажал наводно Туран на сопругата на Беркај, по што тој ја пратил сопругата дома, а Туран му го скршил носот по расправијата.

Покрај тоа, шпекулациите велат дека подоцна истата ноќ, Туран со пиштол во рака отишол во болницата и на Беркај му кажал: „Извини, не знаев дека ти е сопруга, те молам убиј ме“.

Туран преку Инстаграм ги отфрли обвинувањата, иако не го демантираше инцидентот.

„Би сакал да дадам изјава за вестите во весниците. Имаше расправија на местото каде што отидов со моите пријатели, но причината не е околу чест и чистота, бидејќи тоа не е возможно“, напиша Туран.

Во мај, Туран доби рекордна суспензија од 16 меча за туркање на судија, иако казната беше намалена на 10 меча.

Сопругата му ги мие нозете на Арда Туран

Scroll to Top