Top Sport

Шаќири уште не бил во центарот на Ливерпул и живее во Манчестер!

Џердан Шаќири можеби стана миленик на навивачите на „црвените“, но признава дека никогаш не бил во центарот на Ливерпул, и уште „пострашно“ дека живее во Манчестер, а не во градот на Битлси.

Иако не е необично фудбалерите на Ливерпул да живеат во богатите предградија (сепак Манчестер е само 40 километри од Ливерпул), навивачите ќе бидат изненанадени што швајцарскиот репрезентативец воопшто не бил во центарот на градот.

„Уште живеам во куќата во Манчестер, во истата каде што бев додека играв за Стоук. Да бидам искрен, воопшто не сум бил во градот Ливерпул, освен во тимскиот хотел со остатокот од клубот. Фудбалерите ми кажаа дека е малку тешко да се биде таму, бидејќи многу луѓе ќе ти приоѓаат. Дали е опасно поради навивачите на Евертон? Не знам, но мислам дека ако си пристоен ништо нема да ти се случи“, вели Шаќири во интервју за швајцарскиот весник „Блик“.

Scroll to Top