Турција во петокот стигна до драматична победа од 1:0 над Албанија со голот на Ченк Тосун во 90-тата минута за да си ги зголеми шансите за пласман на Европското првенство, но потегот по мечот може да ги чини казна од УЕФА.
Откако се намачија со одбраната на Албанија и фантастичниот Томас Стракоша на голот, Тосун во финишот на мечот ја искористи ретката грешка за победа. По победата, фудбалерите на Турција се собраа пред своите навивачи и војнички ги поздравија.
Според новинската агененција „Анадолу“ тоа е поздрав на турската војска, која од неодамна влезе во воена интервенција во Сирија, најмногу против курдските сили. УЕФА обично не толерира политички пораки на своите мечеви.
#Turkish footballers salute after scoring a goal during #UEFA #EURO2020 Qualifying round match against Albania in #Istanbul, #Turkey #AA pic.twitter.com/g2K6bGtfgJ
— Anadolu Images (@anadoluimages) October 11, 2019