Top Sport

Турски магазин тврди, Елмас се договорил со Интер

Елиф Елмас, фудбалерот на Фенербахче, својата кариера ќе ја продолжи во Интер, оваа вест вечерва ја објави турскиот магазин „Боксер (boxer.com.tr)“.

Според истиот извор Фенербахче и Интер постигнaле договор, Елмас за сума од 11 милиони евра да се пресели на „Џузепе Меаца“. За да стане дел од екипата што во наредната сезона ќе ја предводи Антонио Конте, македонскиот репрезентативец ќе треба да ги мине уште само медицинските тестови.

Наводно голема улога во овој трансфер има и поранешниот играч од една од најславните генерации на Интер, Горан Пандев чии соиграч во репрезентацијата е Елмас.

Сезонава, Елмас одигра 29 натпревари за Фенербахче во турската Суперлига на кои постигна четири гола.

Scroll to Top