Top Sport

Туш за Јунајтед: Брајтон славеше на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед доживеа пораз од Брајтон (1:2) на „Олд Трафорд“ на стартот на новата сезона во Премиерлигата. Ерик тен Хаг имаше неславно деби на клупата на „црвените ѓаволи“.

Паскал Грос во првото полувреме двапати ја изненади одбраната на Манчестер Јунајтед и постигна голови во 30. и во 39.минута.

Во вториот дел, Тен Хаг го внесе во игра Роналдо, а Јунајтед намали со автоголот на Алексис Мекалистер во 69.минута од мечот. Сепак, не успеа да избегне пораз.

Лестер и Брентфорд ремизираа, 2:2.

Scroll to Top