Top Sport

Тутомеркато: Елмас би можел да се пресели во Лион

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кариерата би можел да ја продолжи во Олимпик Лион, објави италијански „Тутомеркато“.

Според овој извор, Елмас би можел да се пресели во Лион доколку клубот го напушти Бразиелцот Пакета. Пакета се поврзува со Вест Хем јунајтед. Лион ја одби првата понуда од 40.000.000 евра, но за очекување е Вест Хем да испрати нова понуда.

Елмас, во текот на преодниот рок се поврзуваше со неколку клубови, но засега се уште е играч на Наполи.
Елмас пред три години од Фенербахче се пресели во Наполи за 16.000.000 евра, претходно играше во Работнички.

Scroll to Top