Манчестер сити го завршиле трансферот на Ерлинг Халанд, тврди „Тутоспорт“. Норвежанецот од наредната сезона ќе го предводи нападот на „граѓаните“.
Според овој извор, Сити на Борусија ќе и платата оштета од 75.000.000 евра. Халанд во Сити ќе заработува 30.000.000 евра годишно, односно ќе има неделна плата од 500.000 евра.
Од трансферот ќе заработат и менаџерот Мино Рајола и таткото на Халанд. Овие двајца ќе поделат 70.000.000 евра.