И покрај тоа што се лидери во Серија А, Милан се крајно исфрустрирани од квалитетот на судењето во Серија А по вчерашниот меч Торино-Интер, во кој не им беше досуден пенал на „биковите“, а Интер спаси реми.
„Граната“ водеше со 1:0 кога Андреа Белоти беше фаулиран во пеналтикот од Андреа Ранокија, но судијата Марко Гуида не реагираше, исто како и ВАР-собата предводена од Давиде Маса. Гуида и Маса најверојатно ги очекува суспензија од три меча, но тоа не е доволно за „росонерите“.
Според „Тутоспорт“, Милан имаат да посочат уште неколку одлуки кои беа на нивна штета, посебно на мечевите против Специја и Наполи, како и кога Матео Маркети дозволи Удинезе да израмнат преку Дестини Удоџи со игра со рака.