Душан Влаховиќ, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти „Артемио Франки“. Поранешниот фудбалер на Партизан. ќе го облече дресот на Јувентус, тврди „Тутоспорт“.
Влаховиќ, во летниот преоден рок, беше еден од најбараните играчи. За него се распрашуваа Тотенхем и Ливерпул, а Фиорентина одби 60 милиони евра што за напаѓачот ги понуди Атлетико Мадрид.
Влаховиќ има договор со Фиорентина до јуни 2023 година. Наредното лето клубот ќе мора да го продаде, во спротивно може да се случи да замине без обесштетување.
„Тутоспорт“, пишува дека наредното лето, Влаховиќ за 70 милиони евра ќе се пресели во Јувентус.