Top Sport

Кризата не и дозволува на Барса да го отпушти Куман

Роналд Куман си купи малку време по победата над Леванте (3:0). Сепак, шпанските медиуми не веруваат дека тој уште долго ќе биде тренер на Барселона. Тврдат дека само во случај Барселона да ги победи Бенфика и Атлетико Мадрид ќе остане на функцијата.

Колку некои и да го посакуваат заминувањето на Куман, тоа не може толку лесно да биде изведено. Причината се парите, поточно финансискиот фер-плеј во Ла Лига. Поради финансискиот фер-плеј, Барселона летово остана без Лионел Меси.

И покрај тоа што Меси и Гризман си заминаа, а клубот значително им ги намали платите на фудбалерите и останатите вработени, буџетот за плати се уште е 25 отсто на дозволениот лимит.

Поради тоа Џоан Лапорта, во наредниот период, ќе се обиде да им ги намали платите на Кутињо, Серхи Роберто, Усман Дембеле и Самуел Умтити.

Финансиската криза во клубот, го држи Куман на работното место. Доколку клубот му врачи отказ ќе мора да му исплати 14 милиони евра. Покрај тоа, клубот ќе мора да најде пари за новиот тренер.

Со Барселона најчесто се поврзуваа Роберто Мартинез и легендата на клубот Чави.

Scroll to Top