Договорите на Лионел Меси и Килијан Мбапе со Пари Сен-Жермен може да бидат раскинати ако шпанската Ла лига успее во легалната битка против францускиот шампион, тврди „Марка“.
Мбапе беше пред трансфер во Реал Мадрид, пред да реши да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен со неверојатни финансиски услови и годишна плата од 100 милиони евра годишно. Шпанската Ла лига сметаше дека со ова се прекршуваат правилата за финансискиот ферплеј на УЕФА и решија да ја бараат правдата на суд.
Покрај жалбата кај УЕФА, Ла лига го ангажираше и познатиот шпански адвокат Хуан Бранко за можна тужба пред Европскиот суд.
„Ги разгледуваме новите одлуки како законот на Босман, кој го либерализираше пазарот на фубалери во 1995 година. Сега, бараме пазарот а биде регулиран и финансиските правила какви што постојат во Ла лига да бидат проширени на територијата на цела Европа“, изјави Бранко, кој најави дека ќе побара од француската министерка за спорт, Амели Удеа-Кастера да ги раскине договорите на фудбалерите на ПСЖ потпишани по 25 јуни 2021 година.
Ова покрај Мбапе би го вклучувало е договорот на Меси, кој пристигна во ПСЖ како слободен фудбалер на 11 август 2021 откако Барселона не беше способна да му даде нов договор.