Манчестер сити на крајот на оваа сезона ќе го напушти долгогодишниот спортски директор Чики Бегиристајн, пишува „Атлетик“ и додава дека неговата одлука му е позната на клубот од поодамна. Бегиристајн (60) планира да се пензионира по заминувањето од Сити.
Бегиристајн е спортски директор на Сити од октомври 2012 година, а претходно на истата функција беше седум години во Барселона. Како активен фудбалер Бегеристајн седум години го носел дресот на Барселона.
Во мандатот на Бегеристајн, Сити досега освои 21 трофеј, седум од нив се во Премиер лигата, а пред две сезони клубот ја освои и Лигата на шампионите.
Бегиристајн особено тесно соработуваше со Пеп Гвардиола, тој е најзаслужен за неговиот трансфер од Баерн во Сити во 2016 година. Тие двајца добро се познаваа од Барселона, каде прво играа заедно, а потоа соработуваа на ист начин како во Сити.