Top Sport

У-19 во силна конкуренција брка пласман на ЕП

Денес во Скопје ќе започнат елитните квалификации за пласман на Европското првенство во Финска, за фудбалери до 19 години. Македонските надежи до 27 март ќе одиграат три натпревари против врсниците од Латвија, Унгарија и Англија, а пласман во Финска ќе избори само победникот на групата.

Сите натпревари во Групата 2 ќе се одиграат во терминот од 14 часот. Натпреварите ќе се играат на Националната арена „Филип Втори“ и на стадионот „Петар Милошевски“ во тренинг центарот на ФФМ.

Македонија денес за противник ќе ја има Латвија, а во истиот термин че играат Англија и Унгарија. На 24 март избраниците на селекторот Станојковиќ ќе играат против Унгарија, а на 27 март противник ќе им биде Англија.

Селекторот на Македонија Вујадин Станојковиќ турнирот ќе го одигра со играчите што го изнесоа товарот и во првиот квалификациски циклус.

Scroll to Top