Младата фудбалска репрезентација на Македонија, играчи до 21 година, ги доби ривалите за следниот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Словачка.
Македонија се наоѓа во Ц-групата заедно со Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија, Гибралтар.
Првите квалификациски натпревари ќе се играат во септември 2023 година, а квалификациите ќе траат до октомври 2024 година.
На Европското првенство ќе одат деветте победници на групите и трите најдобри второпласирани селекции. реостанатите шест второпласирани ќе играат плеј-оф за последните три места.
Фото/ ffm.mk