Фудбалерот на Тотенхем, Дени Роуз, бил приведен во полиција, во раните утрински часови.
Поранешниот англиски репрезентативец, дивеел со својот автомобил во околината на Нортамптон. Роуз го искршил својот автомобил.
„Среќен е што преживеал. На автомобилот останале само три тркала. Не можел да дише, но во крвта нема алкохол“, пишува „Сан“.
Дени Роуз оваа сезона нема одиграно ниту една минута за сениорскиот тим. Жозе Мурињо не смета на него, дури и не тренира со првиот тим, туку со младиот тим на Тотенхем.
Минатата полу-сезона, Роуз ја мина на позајмица во Њукалс. Во текот на летниот преоден рок ниту еден клуб не пројави интерес за неговиот потпис.
Договорот на Роуз со Тотенхем важи до крајот на сезоната.