Поранешниот перуански фудбалер, Нолберто Солано е уапсен во татковината поради кршење на правилата за задолжителен карантин поради пандемијата од коронавирусот.
Локалните медиуми пренесуваат дека фудбалерот кој играше во неколку клубови во Премиерлигата (се прослави во Њукасл) бил на журка, иако властите строго забраниле собирања.
Соседите алармирале во полиција, но чуварите на редот и мирот стигнале дури по неколку часа. Го опколиле имотот на екс-фудбалерот, а на прашање на еден од новинарите кои пристигнале на местото на настанот, Солано го удрил.
„Која забава: Не, господине, тоа не е забава. Зивеам овде, зад аголот. Ова е куќата на мој пријател, тој ми е сосед. Губите време бесцелно. Ова е непочитување“ – рекол Солано.
Перу одлуката за забрана за собирања ја донесе на 16 овој месец, а до сега во земјата има околу 600 заразени со опасниот вирус.