Top Sport

Лацио не го пушта Имобиле, екстра пари за секој постигнат гол

Калчолигашот Лацио сака да ја продолжи соработката со италијанскиот фудбалски напаѓач, Чиро Имобиле до 2025 година, пишуваат италијанските медиуми.

Репрезентативецот на Италија е најдобар стрелец во Серија А сезонава, а неговиот важечки договор со римскиот клуб е до летото 2023 година.

Новиот договор што му се нуди е до крајот на 2025. што значи дека Имобиле би можел кариерата да ја заврши во небесно-синиот дрес.

Претседателот на клубот, Клаудио Лотито е подготвен на првата ѕвезда во екипата да и понуди договор кој е тешко да се одбие.

Италијанските медиуми пренесуваат дека со новиот договор за секој постигнат погодок, голгетерот ќе добива бонус. Сезонава, на 26 меча постигна 27 гола во Серија А.

Се разбира дека ќе му следува и голем бонус доколку клубот од „Олимпико“ стигне до Скудетото.

Покрај Лацио, Имобиле во кариерата настапувал и за Сиена, Јувентус, Гросето, Пескара, Џенова, Торино, Борусија Дортмунд и Севилја.

Scroll to Top