Top Sport

Уапсен француски фудбалер – мастурбирал на улица

Фудбалерот на францускиот Анжер Фарид Ел Мелали вчера би уапсен бидејќи мастурбирал на јавно место. Овој 22 годишен фудбалер на ден пред да биде уапсен потпишал нов договор со клубот.

Фарид мастурбирал пред зградата во која живеа, а поради она што го правел соседите повикале полиција.

Алжирецот мастурбирал во правецот на сосетката која се сончала во својот двор.

„Не бил агресивен ниту некого провоцирал“, изјавил адвокатот на фудбалерот Сандра Ширак-Коларик.

Фарид Ел Мелали истиот ден бил ослободен од притвор но ќе мора да се појави на суд. Проблем за него претставува што ова не е прв пат соседите да го пријават поради мастурбирање.

Пред еден месец бил обвинет за истата работа но тогаш немало сведоци кои би можеле да го потврдат неговиот идентитет.

Оваа сезона Фарид одиграл вкупно 486 минути за Анжер, на 11 натпревари постигнал пет гола.

Scroll to Top