Неименуван фудбалер на Брајтон, бил уапсен синоќа во еден ноќен клуб, поради сексуално вознемитување. Фудбалерот се наоѓа во притвор, заедно со него бил уапсен и маж на возраст од 40 години. Клубот го потврди инцидентот.
„Добивме пријава од една дама, потоа, во раните утрински часови, уапсивме двајца мажи поради сексуално вознемирување“, стои во полициското соопштение.
По инцидентот се огласиле и од фудбалскиот клуб Брајтон.
„Еден наш фудбалер е уапсен и соработува со полицијата. Целиот случај е во рацете на полицијата и поради тоа не можеме да изнесеме повеќе информации“.
„Сан“, го откри идентитетот на фудбалерот. Станува збор за 25-годишниот Ивс Бисума. Редакцијата на магазинот добила видео-снимка од апсењето на Бисума и неговиот пријател.
„Ноќниот клуб бил преполн со студенти и сите биле шокирани кога го виделе тука Бисума. Уште поголем шок доживеале кога го виделе со лисици на рацете“, рекол за „Сан“ очевидец на настанот.
Бисума е еден од најталентираните играчи од редот за врска во Премиер лигата. Во летниот преоден рок интерес за него покажуваа Манчестер јунајтед и Арсенал, а според медиумите Ливерпул во зимскиот преоден рок подготвиле 40 милиони евра за реализација на трансферот.