Top Sport

Уапсен Ники Бат, нападнал жена

Шефот на фудбалската академија на Манчестер Јунајтед, Ники Бат, неколку часа минал во притвор, поради сомнежите дека нападнал една жена. Жената нападот го пријавила вчера, а се случил на адреса во местото Хејл, во близина на Манчестер.

Полицијата потоа го уапсила Бат, бидејќи жената се жалела дека добила исеченица на раката. По неколку часа поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед бил пуштен од притворот.

„Полицијата добила повик околу два часа на 16 април. Извештаите велат дека била нападната жена во Хејл. Иамла помала исеченица на раката и немало потреба од лекарска интервенција. Машка особа на возраст од 44 години била уапсена, а потоа ослободена, но истрагата ќе продолжи“, објавила портпаролката на полицијата во Манчестер.

Ники Бат е дел од една од најславните генерации во историјата на Манчестер Јунајтед. тој со „црвените ѓаволи“ освоил шест титули во Премиер лигата, а беше и актер на легендарното финале во Барселона, против Баерн Минхен во 1999 година, кога со два гола по истекот на 90 минута Јунајтед ја освоија европската титула.

Scroll to Top