Top Sport

Уапсен претседателот на Јужноафриканскиот фудбалски сојуз

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Јужна Африка (САФА), Дени Џордан (73) е уапсен во средата под обвинение дека ги користел парите на Сојузот за свои цели, објавија локалните медиуми.

Џордан беше предводник на успешната кампања со која ЈАР ја доби организацијата на Светското првенство во 2010 година.

Неговото апсење е резултат на полициска акција во март годинава, кога беше извршен претрес во просториите на САФА. При тој претрес било утврдено дека Џордан во периодот од 2014 до 2018 година ги користел средствата на Сојузот за своја корист, како што е ангажирање приватно осигурување за своја заштита и компанија за односи со јавност без дозвола на САФА.

Наводно, се работи за сума од 3,1 милион рани, односно околу 160.000 евра.

Scroll to Top