Top Sport

Уапсени 35 Иранки, сакале да гледаат фудбалски натпревар

Полицијата во Иран вчера уапсила 35 жени што сакале да присуствуваат на најголемото фудбалско дерби во оваа земја, натпреварот помеѓѓу ривалите од техеран Естеглал и Персеполис.

Жените биле задржани од полицијата иако поседувале билети за натпреварот.

На стадионот во Техеран бил присутен и првиот човек на ФИФА Џани Инфантино. Претседателот на ФИФА бил во друштво на иранскиот министер за спорт Масуд Солтанфар.

Директниот пренос од натпреварот бил прекинат во моментот кога новинарот на министерот Солтанфар го прашал кога ќе им биде дозволено на жените да присуствуваат на фудбалски натпревари.

Портпаролот на министерствоот за внатрешни работи на Иран, Сеид Салман Самани за државната новинска агенција ИСНА рекол дека жените не биле уапсени, туку само биле префрлени на место кое било предвидено за нив.

Членот 4 од статутот на ФИФА вели дека секоја против полова дискриминација е забранета.

Властите во Иран на жените им го забранија присуството на фудбалските натпревар по револуцијата во 1979 година.

Естеглал го доби дербито на Техеран (видео+галерија)

Scroll to Top