Претставниците на хрватскиот шампион, Динамо Загреб ја посетија Србија за да оддадат почит на луѓето кои ја одбележија историјата на клубот, по што на гробиштата во Белград се појавија шалови на хрватскиот клуб.
„Сакавме симболично да се заблагодариме на сите кои го формираа и обликуваа нашиот клуб, без разлика од која генерација на фудбалери, тренери, службеници или навивачи се работи. Прв на редот беше Осиек и гробовите на Густав Ленер, Петар Лончариќ и Андрија Логарушиќ, а потоа и Белград, каде што се погребани Флоријан Матекало, Златко Чајковски, Фрањо Шоштариќ, Стјепан Бобек, Зоран Чава Димитриевиќ, Бруно Белин и Петар Тодоровиќ“, се вели на сајтот на Динамо.
Тие потврдуваат дека немале никакви проблеми во Белград, но дека им задале „главоболки“ на вработените на гробиштата, бидејќи се појавиле со список на имиња, кои потоа детално ги пребарувале.