Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, доби огромни пофалби во српските медиуми, откако пред мечот со Црвена звезда на необичен начин оддаде почит на српските жртви во Првата светска војна.
Додека во целиот свет, посебно во Велика Британија се оддава почит на жртвите на крвавата војна со одбележувањето на Денот на примирјето и со носење на афионови цветови (за што посебен проблем си направи српскиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ), во Србија ова се одбележува со носење на „цветот на фениксот“ или „Наталиевата рамонда“, билка која оживува.
Клоп, очигледно, добро е запознаен со историјата, откако реши да го носи знакот до логото на Ливерпул на неговата јакна. Секоја чест.