Top Sport

Убаво е без работа – Зидан и синовите на море

Зинедин Зидан очигледно ужива во животот надвор од притисокот да се биде тренер на Реал Мадрид, откако продолжи со семејниот туризам фалејќи се на Инстаграм.

Зидан замина од кормилото на „кралскиот клуб“ на крајот на минатата сезона откако ги предводеше до трета титула во низа од Лигата на шампионите и во последните месеци ужива во сонцето и летното време.

Зидан е насмеан на фотографијата со својата сопруга Вероник и синовите Елјаз (најлево), Тео (во средина), Лука (назад) и Енцо (десно) со порака „Семејство на прекрасно место“.

Француската легенда очигледно ужива во времето надвор од фудбалот додека шпекулациите го поврзуваат со работата во Манчестер јунајтед на местото на Жозе Мурињо.

En famille dans un endroit Magnifique !!!!!

A post shared by zidane (@zidane) on

Scroll to Top