Top Sport

Јунајтед именуваат „директор на фудбал“ – Ван дер Сар и Мончи на листата желби

Манчестер јунајтед е во „потрага“ на човек кој првпат би бил поставен на позиција директор на фудбал во клубот, а главни фаворити се нивниот поранешен голман Едвин ван дер Сар и шефот на трансфери во Рома, Мончи, јавува „Дејли мејл“.

Ова доаѓа по „несреќното“ лето со минимални трансфери, и постојаните жалби на менаџерот Жозе Мурињо ги натерало Јунајтед да ја сменат политиката на клубот. Поранешниот голман на тимот, Ван дер Сар е фаворит поради тоа што го познава клубот, но и поради неговата работа со Ајакс, додека во игра се и Мончи, како и Фабио Паратичи од Јувентус.

Директорот на фудбал би работел заедно со и така големиот тим за трансфери на Јунајтед, додека својата улога ќе ја задржат потпретседателот на клубот, Ед Вудвард и менаџерот Жозе Мурињо. Со ова би се обезбедила постојана политика на трансфери, наместо како досега „брканица“ по фудбалери, по која и цената е поголема.

Scroll to Top