Top Sport

Убаво им кажа, но… Меси на полувреме со Ливерпул предупредил „да не се повтори Рома“

Лионел Меси ги предупредил своите соиграчи од Барселона да не им се „повтори Рома“ при тимскиот говор на полувремето од минатогодишниот (не)славен пораз од 4:0 од Ливерпул на „Енфилд“ во полуфуналето на Лигата на шампиони, покажуваат снимките кои се га се појавија.

Барселона победи со 3:0 дома во дуелот со Ливерпул, но веќе на полувреме губеа со 1:0 со голот на Дивок Ориги, по што Меси ги предупредил соиграчите.

„Ајде момци, да направиме  чекор напред. Не можеме да ја пропуштиме оваа шанса. Дадете го максимумот, таму сме. Мораме да го почнеме второто полувреме силно. Потсетете се што се случи во Рома, тоа беше само наша грешка. Не дозволувајте тоа да се повтори. Тоа беше само наша грешка“, вели Меси.

Секако, ова се повтори и Барселона испадна од ЛШ откако прими три гола во второто полувреме. Претходната сезона пак, Барселона испадна откако дома победи со 4:1 против Рома, но на гости загуби со 3:0.

Scroll to Top