Top Sport

„Убеден сум дека Мбапе не е ни блиску до заминување“

Приказната дека Килијан Мбапе е несреќен и сака да го напушти Пари Сен Жермен, само неколку месеци по потпишувањето на новиот договор, е централна тема во француските медиуми.

По натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите, кој заврши 1:1 и на кој Мбапе го постигна водечкиот гол за ПСЖ од пенал, на оваа тема проговори и тренерот на Паризиен Кристоф Галтие.

„Килијан беше максимално фокусиран на натпреварот. Ние само зборувавме за тоа. Убеден сум дека Мбапе не е ни блиску до заминување. Сè и сешто се пишува. Гласините стануваат вест, вестите стануваат извештаи и сето тоа се случува пред еден многу важен натпревар за нас. Ништо не е случајно“, рече Галтие.

Во ист тон зборуваше и Серхио Рамос, дефанзивецот на ПСЖ.

„Јас сум одличен пријател со Килијан. Тој е среќен овде. Не сакаше да си оди лани, нема да оди ни сега. Не верувам во гласини и не читаме весници“, изјави Рамос.

Scroll to Top