Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од Хрватска. Пријателскиот натпревар во Риека, Хрватите го добија со 3:0.
Натпреварот во Риека покажа дека Македонија нема капацитет да се носи со елитните европски репрезентации. Хрватска и со комбиниран состав убедливо славеше.
Македонија имаше неколку обиди во првата половина од првото полувреме, но впечатокот е дека нашите момци немаа јасна идеа како да дојдат до голот на Ливаковиќ.
Хрватска победи со головите на Ловро Маер во 10. и 45., односно Марко Пашалиќ во 79.минута.
Маер првиот гол го постигна од слободен удар, а вториот по извонредната аситенција на Петковиќ. Миленикот на домашната публика Марко Пашалиќ го постигна првиот гол во националниот тим, откако Димитиревски го одбрани ударот на Будимир, а тој ја спести топката под гредата.
Македонија на 10.јуни ќе одигра пријателски натпревар против Чешка.