Top Sport

Убедлив старт на Виљареал во Примера

Фудбалерите на Виљареал го победија Реал Ваљадолид на стартот од Ла Лига со резултат 3:0 (0:0). На „Зориља“, блескаше Алекс Баена со два гола.

Во првото полувреме речиси и да немаше возбудувања, единствената вистинска шанса ја пропушти Николас Џексон за гостите.

Овој играч го постигна првиот гол на мечот во 50.минута. Сенегалецот ја искористи лошата проценка на одбраната на Ваљадолид и од непосредна близина ја спроведе топката во голот.

За Џексон ова беше деби гол во дресот на Виљареал.

На ист начин, на навивачите им се претстави и играчот од средниот ред Алекс Баена, кој во 81. минута го совлада довчерашниот голман на Виљареал Серхио Асенхо.

Истиот играч беше стрелец во 89. минута, овој пат постигна прекрасен гол и ги постави конечните 3:0.

Scroll to Top