Top Sport

Убедлив триумф на Јунајтед над Лидс (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја забележаа втората победа на турнејата во Австралија. По победата над локалниот Перт (2:0), играчите на Солскјер со 4:0 го совладаа некогаш големиот ривал во Премиер лигата, Лидс Јунајтед.

Првиот гол за „црвените ѓаволи“ го постигна Гринвуд во седмата минута, а 20 минути подоцна мајсторски гол постигна Рашфорд.

Во вториот дел голманот на Лидс, Касиља беше совладан уште два пати, стрелци беа Џонс во 51 и Марсијал во 69 минута од пенал.

Тренерот Солскјер двете полувремиња ги одигра со различни постави, во првото играа Ромеро – Ван-Бисака, Рохо, Линделоф, Баи – Мектоминеј, Погба, Гринвуд, Џејмс – Мата, Рашфорд.

Во вториот дел играа Гарнер, Јанг, Џонс, Дало, Смолинг, Матиќ, Чонг, Гомес, Лингард, Анреас Переира, Марсијал и Жоел Переира.

Scroll to Top