Top Sport

Манчестер сити без милост кон Вест Хем (Видео)

Манчестер сити во контролен натпревар, во Кина, забележа победа над Вест Хем 4:1. Тренерот на англискиот првак, Пеп Гвардиола, мечот го започна со комбиниран состав, а првотимците на теренот се појавија во вториот дел.

Мечот започна со водство на Вест Хем. Капитенот на „чеканите“, Марк Нобл реализираше пенал во 26 минута. Седум минути подоцна израмни Давид Силва, а Лукас Нмеч во 36 минута од пенал направи пресврт во резултатот.

Во втoриот дел блескаше англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг кој постигна два гола, првиот по асистенцијата на Сане, а вториот по додавањето на Де Брујне.

Scroll to Top