Мајорка го совлада Виљареал во натпреварот од 22. коло на шпанската Примера со 4:2. Играч на мечот беше 34.годишниот напаѓач на Мајорка Дани Родригез, кој постигна два гола.
Домашните поведоа преку Кадавере во 20. минута, а патот кон победата им се отвори една минута подоцна кога Ману Тригерос доби директен црвен картон.
Сепак, на две минути пред крајот на полувремето Моралес израмни на 1:1. Мајорка на пауза оди со предност бидејќи во 45. минута Родригез првпат постигна гол на овој натпревар.
Виљареал успеа да израмни во 50. минута со голот на Чуквуезе.
Во 56. минута 34. годишниот Родригез го постигна својот втор гол за нова предност на Мајорка, а Муричи во 63. минута ја запечати победата.
Двете екипи сега имаат идентичен број на бодови (31) и ја делат осмата позиција на табелата.