Top Sport

Учесниците на СП ќе поделат 668 милиони евра

Учесниците на Светското првенство во Русија ќе поделат парична награда од вкупно 668 милиони евра, објави ФИФА. Споредено со претходното првенство Бразил, ова претставува зголемување од 40 отсто.

Освојувачот на шампионскиот трофеj ќе заработи 32 милиони евра, финалистот ќе добие речиси 23,6 милиони евра. Репрезентацијата што ќе го освои третото место ќе инкасира 20,7 милиони евра, поразениот тим во борбата за бронзениот медал ќе заработи 18,6 милиони евра.

Репрезентациите што ќе дојдат до четврт-финалето (пласман од 5. до 8.место) ќе заработат по 13,5 милиони евра, пласман во осмина-финалето носи 10,1 милиони евра.

Само пласманот на Свдтското првенство во Русија на секоја од 32.селекции и донесе парична награда од 6,7 милиони евра.

Scroll to Top