Top Sport

Удинезе без тренер, Дел Нери доби отказ

Фудбалскиот клуб Удинезе потврди дека Луиџи дел Нери повеќе не е тренер на овој клуб. Дел Нери доби отказ по неделниот пораз од Калјари.

„Удинезе може да потврди дека тренерот Дел Нери и неговиот помошник Џузепе Ферацоли се ослободени од своите должности. Клубот им се заблагодарува за посветеноста со која работеа во изминатите 13 месеци“, се вели во клупското соопштение.

Според пишувањата на италијанските медиуми, Дел Нери на клупата на калчолигашот од Удине ќе го наследи екстренерот на Пескара, Масимо Одо.

Удинезе во моментот се наоѓа на 14. место во Серија А со 12 бода.

Scroll to Top