Top Sport

Удинезе даде два гола по 90-те минути за драматична победа над Торино

Удинезе освои три важни поени за да избегне борба за опстанок, победувајќи ги Торино со 2:0 на „Дачија арената“ со два гола постигнати по крајот на регуларните 90 минути.

Во драматична завршница на мечот, Роландо Мандрагора доби црвен картон во 92. минута од мечот, за неколку секунди подоцна, Аргентинецот Нахуел Молина да постигне прекрасен гол од слободен удар за водство на домаќините. Само неколку минути подоцна беше досуден пенал за Удинезе, кој уште еден Аргентинец, Игнасио Пусето сигурно го реализираше за луда победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top